Приказна за една несовршена љубов: НАСЛАДА од Марта Ѓидо

Наслада е моќен и игрив роман за копнежот и силната привлечност што ги надминуваат границите на времето и просторот и создаваат своја верзија на реалноста. Роман за двајца лудо вљубени тинејџери во Полска во 1990-те, пред фејсбук и инстаграм, кога љубовните писма се пишуваа со молив на хартија, кога фотографиите се правеа на филм, а …

Сигурното си е (не)сигурно: „Антарктик“ на Клер Киган

  Според Опсервер, расказите во книгата Антарктик „се меѓу најдобрите современи раскази напишани на англиски јазик“. Како потврда за тоа се и многубројните книжевни признанија што авторката Клер Киган ги има добиено за оваа книга: престижната награда „Руни“ за ирска книжевност, најдобра книга на Лос Анџелес Тајмс за 2001 година, наградата „Вилијам Тревор“ и наградата …

Книжевна препорака за „Сината е најтоплата боја“ од Жил’ Маро

„Сината е најтоплата боја“ е приказна за првата љубов, но за вистинска прва љубов што нè обележува засекогаш и ни го менува животот. На тоа, веројатно, се должи фактот што книгата толку лесно комуницира со публиката и што читателите ја наоѓаат за толку блиска и прифатлива. Освен тоа, приказната што е раскажана во книгата е …

Книжевна препорака од Ѓоко Здравески: „А Бабукар одеше на чело“ од Џованни Доѕини

  „А Бабукар одеше на чело“ е современа италијанска приказна за четворица млади луѓе од различни африкански земји, кои едно лето се нашле во Перуџа во потрага по поубава илузија.   Ноќ случајно помината во Торџано со две штотуку запознаени жени. Патување со воз до морето рано изутрината. Непријатности, контроли, испрашувања. Каде во возот ќе …

Кон книгата „Невидливите“ од Тена Штивичиќ

    Во книгата „Невидливите“ се опфатени три драмски текстови од хрватската писателка Тена Штивичиќ. Драмскиот текст „Невидливите“ премиерно е изведен во Велика Британија во 2011 година, додека „Седум дена во Загреб“ (2009) и „Искри“ (2007) премиерно се изведени во театарот ЗКМ во Загреб. Горчливо-слатката сатира „Седум дена во Загреб ги проблематизира судирите што произлегуваат …

Александар Маџаровски кон книгата „Татковина“ од Фернандо Арамбуру

Во современите литературни дела експериментирањето со формата на романот не е ништо необично. Некои од карактеристиките на современиот роман како што се фрагментарноста или нелинеарната нарација, кога се добро употребени и вешто изведени, ни нудат, како на читатели, вистинско уживање, но, понекогаш експериментирањето може да го направи романот премногу обременувачки и церебрален, просто измачувачки. Големи …

(не)заборавени книги – Враќањето на Филип Латиновиќ

„Враќањето на Филип Латиновиќ“ од Мирослав Крлежа е роман во кој прикказната  се гради од најинтимните делови на потсвеста, односно совеста и ги поставува само темелите. Остануваат празни местата на кои треба да (по)стојат ѕидовите, но тоа не значи дека романот има недостаток, туку дека трага (ликот) по неговиот идентитет, за да може да ги изгради ѕидовите врз тие разнишани, несигурни темели, на кои доволен е само нежен ветер од далечините на минатото, да ги направи несигурни.

Секој роман има своја приказна, а во овој, акцентот е ставен на немањето приказна. Не дека во романот е изоставена приказната, туку е ставена животната приказна на главниот лик – Филип Латиновиќ, која исто како и во романот, се гради навнатре, не нанадвор.

Кога внатре е пусто, јалово, меланхолично, мириса на застоена тага нагризана од мувла, чиј мирис и преку погледот се чувствува, надвор се‘ е бесмислно, распадливо, непостојано. Затоа, приказната на Филип Латиновиќ е раскажана како отсуство на приказна.

Филип уште како дете, воспитуван од строгиот морализаторски дух на мајка му, гледа како телото на неговата мајка морално се раздава. Затоа, најголемата причина за отсуството на неговата приказна е постојаната борба (во неговата глава), помеѓу духот и материјата.

Уште како дете, кое непослушно ги троши украдените пари од мајка му е избркан на улица и без своја волја и желба, натеран е да се соочи со грубоста, безмилосноста и ладнокрвноста на материјата, односно светот.

Таа постојана борба помеѓу духот и материјата наоѓа начин да ја покаже пред светот со тоа што станува сликар. Својата душевна состојба ја материјалира во слика, која секогаш во својата завршна форма го разочарува.

Го разочарува најмногу тоа што светот изгледа како воопшто да не е загрижен за таа постојана војна и не само за тоа, светот воопшто не е загрижен за ништо, освен за полнењето на својот стомак и неговото празнење.

Сликар, кој после многу години, по покана на мајка му, се враќа во родното место. Ги обвинува сите околу него, најмногу мајка му за својата психолошка состојба, заборавајќи дека таа околина му даде доволно простор и време, го прати далеку од нив, за да сфати дека неприлагоденоста не му ја предизвикуваат тие, туку тој ја носи во себе.

Романот ретроспкцсики се навраќа во детството на Латиновиќ, во ситуации, преку кои како да сака да го оправда неговото однесување. Се враќа Филип во своето родно место и гледа на сите луѓе надмено, вклучуваји ја и својата мајка барајќи постојана вина во нив и гледајќи ги преку лупа сите нивни постапки, осудувајќи го нивното живуркање, несвесен дека тоа живуркање го следи и него, само од поразличен аспект, од аспект на судија.

На крај, романот ја завршува „приказната“ на Филип Латиновиќ, нафрлувајќи му ги наеднаш сите информации по кои цел живот трага, како најважна – кој е неговиот вистински татко, покажувајќи му на читателот дека всушност сите тие потраги ниту малку не се виновни за неговиот изгубен идентитет, туку тој самиот себеси се изгубил, лебдејќи помеѓу духот и материјата, под изговор на изгубен идентитет, пуштајќи го животот како жива песок да му се промакне низ прсти, несфаќајќи дека можеби тоа полнење и празнење на стомакот, за кој ги обвинуваше другите е токму смислата на животот – живуркањето.

Книги за парадоксите на нашата современост

Оваа година издавачката куќа „Артконект“ од Скопје објави книги од тројца добитници на Наградата за литература на ЕУ. Се работи за награда што им се доделува на млади современи автори кои се во почетните фази на својата кариера, при што наградата е замислена како своевиден поттик за преведување на нивните дела на странски јазици. Изданијата …

Мајчиниот јазик – мојот корен, мојата душа и моето јас

Народот без јазик е како патник кој го изгубил својот пат, кој не знае каде тргнал и каде ќе оди. Нашиот пат до ова што сме денес – слободна земја, со сопствен јазик, не бил ни малку лесен. Испреплетен со потешкотии и искушенија, но сепак пат, кој без оглед на неповолните околности решиле да го …

Кон збирката раскази „Силуети“ од Станка Бајлозова-Барламова

Пораки во шише     Уште при првиот прочит на „Силуети“ од Станка Бајлозова-Барламова ја наслутив скриената желба на авторката овие нејзини раскази да се читаат како еден вид „пораки во шише“. Зашто, таа е како оној човек кој „рамнодушно и смирено ги пушташе предметите во вода и остануваше на брегот гледајќи ги како запливуваат …