Препорака: Кога светлината згаснува од Ојген Руге

     

Кога светлината згаснува? Што е спротивно од неа? Темнината? Или мракот? А нели е тоа едно, те исто?

Што се случува кога идеалот ти се руши пред твои очи? Сето она кое си го создал, си верувал, си му бил дел, си го градел, едноставно некој грубо ти го руши, го престорува во пепел, го плука и гази безмилосно…тоа ли е гасењето на светлината?

Ова е книга за поделеноста на Германија со градењето на еден ѕид, кој симболизира грница на еден Исток и на еден Запад. За поделеноста на идеалит, верувањето за градење од корен  на едно општество: она источното, она под влијание на тогашен СССР, се‘ до неговиот пад, се‘ до рушењето на ѕидот и распадот на најголемата земја.

Истокот е СССР, Западот е Америка. Сето ова е прикажано преку едно семејство, четири генерации. Следејќи го нивниот животен пат, го следиме формиеањето на источногерманскиот социјализам, неговиот развој и падот.

Семејна драма со политичка позадина каде се впрелпетуваат и вкрстуваат личните односи, но и политичките со голем акцент.

Одлична книга!

Автор: Благородна Димовска-Буџакоска

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *