Се мислам да ставам крај – Ијан Рид

Се мислам да ставам крај (Или-или 2020) во превод на Румена Бужаровска е роман кој соочува со сопствениот раздвоен идентитет под влијание на минливоста. Ако се земе предвид дека филмската адаптација на книгата (i’m thinking of ending things) е по сценарио и режија на Чарли Кауфман, јасно ни е дека станува збор за чудна до морничавост книга. Меѓутоа токму таа морничавост не‘ соочува со минливоста која самата по себе е морничава.

Насловот е фраза која главниот женски лик кој постојано ја повторува и асоцира на крај на врската која ја има со главниот машки лик – Џејк.

На почеток романот не навестува никаква морничавост туку станува збор за двајца млади кои скоро започнале љубовна врска која едната страна Џејк – сака да ја продлабочи со тоа што скаа да ја запознае девојката со родителите; другата страна – девојката, се мисли да стави крај.

Поголем дел од книгата се разговори со себе и во себе на женскиот лик за време на патувањето од и до куќата на фарма кај што треба да е запознае со родителите на Џејк. Преку тоа патување од-до, низ мрак, ветар и  снежна бура, како да е преставен мачниот пат на минливоста од себе – до себе како крјна цел. Разговорите помеѓу парот за време на тоаа долго патување до фармата на родителите се исто така измачувачки бидејќи го опфаќаат идентитетот и неговата уникатност, односно повторливост.

Атмосферата во автомобилот е иста како и надовор: ладна, мрачна, несигурна, застрашувачка и бесмислена – се‘ до моментите додека разговорот не биде прекинат од чудниот телефонски повик и од тишината после него.

Постојаното ѕвонење на телефонот на женскиот лик немаше да биде морничав, ако на екранот не се прикажуваше токму нејзиниот телефонски број. Тие повици од себе кон себе може да се сфатат како повици за спас, повици за излез од идентитескиот лавирнит.

Во филмската адаптација на посликовит начин е претставено претопувањето на двата лика на еден во друг. Морничавоста на романот ќе го доживее својот врв кога ќе стигат на фармата кај родителите во кој момент ќе се растопи границата помѓу минатото и сегашноста, ќе биде отсутна само иднината бидејќи секоја иднина завршува со исто – со смрт. Ијан Рид воопшто не се штеди при описите на свињите кои биле живи јадени од црви и мртвите јагниња, кои чекаат погоден момент да бидат отстранети од фармата. Како минливоста да застанува токму со смртта.

Фармата како да го претставува почетокот и крајот на постоењето, но и почетокот и крајот на времето.  Со тоа што на мајка му на Џејк еден нокот  (веќе) и‘ паднал, а делови од косата постојано и‘ паѓаат – како да сака да посочи дека тие веќе одамна се мртви, сето тоа одамна не постои во реалноста, ако светот во кој живееме може да се нарече така, постои само во нечија глава, ама, зошто пак и тоа постоење да не биде реалност? Кој диктира каква ќе биде реалноста и кој одлучува како да ја памтиме реалноста? И што е реалноста ако не живот каков што сме си посакувале да избереме? Како може реалноста да е реална ако е менлива, со тоа и минлива?

Ова се прашања кои што ќе го натераат еден од ликовите навистина да стави крај.

Роман полн со симболи, симболични врски и односи, симболични попатни станици и симболични крајни дестинации.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *