3 книги од издавачката куќа Антолог, кои секој треба да ги има во својата домашна библиотека

Преведувањето и објавувањето на светските бестселери никогш не било повеќе присутно кај нас како сега. Речиси во секоја издавачка куќа може да се сретнат познати наслови кои го заслужуваат нашето внимание.

Како што расте трендот на преведување, така расте и бројот на наслови кои сакаме да ги имаме во нашите библиотеки.

Овојпат издвоивме 3 наслови од издавачката куќа Антолог, кои дефинитивно ќе ја направат вашата домашна библиотека побогата:

 

  1. Мајчино млеко од Нора Икстена

 

Мајчино млеко може да се нарече и женска книга, бидејќи приказната е за три генерации жени – мајка, ќерка и баба. Трите генерации жени директно или индиректно ја раскажуваат својата приказна во времето во кое живеат. Ја раскажува приказната за мајката која одбива да го дои своето дете од што ќе го замрази постојаниот поредок. Го замразува поради светот во кој што треба да го остави своето дете да живее, а тој свет е Советскиот Сојуз. Ја раскажува приказната за мајката чија цел и кариера ќе ја управува системот, истоштувајќи ја до степен на желба за самоубиство. За ќерката која расте без потпора на својата мајка, но сепак не обвинувајќи ја, туку ветувајќи и‘ дека ќе се бори еден ден светот да се смени. За бабата која  не може да гледа како нејзината ќерка и внука се губат затворени во светот кој ветуваше слобода.

 

 

2. Гитара од палисандер од Кристина Гавран

Гитара од палисандер исто така може да се нарече женска книга бидејќи романот е фокусиран на пет женски судбини. Но тоа што ќе го задржи вашето внимание во овој роман не е фокусот на женските судбини, туку градењето на приказната, која до крај држи во неизвесност и на крај ја отксрива целата своја структура. Насловот Гитара од палисандер е нишката која ги држи поврзани приказните, кои меѓу себе децениски се разликуваат, но на крај времето е претставно како инка во која сите животни приказни, неважно кога (ќе) се случуваат, се слеваат на исто место. Роман за тоа како времето настанува и како настануваме ние во времето и како на крај се‘ се губи.

 

3. Потекло од Саша Станишиќ

Потекло е роман кој ја раскажува приказната за губењето на својот идентитет, како што бабата на нараторот ја губи својата меморија. Роман кој го раскажува бегството од Босна, кое всушност не е бегство, туку прогонување. Непосакуваното заборавање на идентитетот, како единствен услов за преживување. Приказна во која се раскажани доживувања на бегалците, приказни за нивото потекло и спомените, кои постепено исчезнуваат. Овој роман, структурно може да се опише и како боенка, бидејќи на крај и покрај сериозноста на темата, на читателот му се дава  простор и шанса, да избере  со каква „боја“ ќе ја заврши приказната. Како нараторот да сака суптилно да каже дека од нас зависи секоја приказна како ќе заврши.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *